дома Балкан Трета среќа: Новите парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14...

Трета среќа: Новите парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги распиша третите парламентарни избори годинава, кои ќе се одржат на 14 ноември.

Овие избори се одржуваат по неуспешните обиди на партиите да формираат влада по изборите во април и јули, објави денеска претседателската прес -служба.

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори, кои ќе се одржат истиот ден со парламентарните избори, пренесува Ројтерс.