Третман со антитела како последен спас за лица заболени од Ковид-19 – oдобрен од ФДА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри итниот третман на Ковид-19 со антитела, што е познат и како дел од терапијата што ја доби и претседателот Доналд Трамп.

Третманот со антитела произведен од фармацевтската компанија „Реџенерон“ се користи кај лесна до умерена клиничка слика на пациенти со Ковид, возрасни и стари лица и некои деца кои се изложени на ризик од влошување на нивната состојба.

Компанијата соопшти дека очекува лекот да биде готов за околу 200.000 пациенти до крајот на јануари. Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ соопштија дека поднеле барање за итно одобрување од Агенцијата за храна и лекови за дистрибуција на вакцината и најавија дека ќе започнат со дистрибуција веднаш штом ќе ја добијат.

Компаниите соопштија дека нивната вакцина е ефикасна во 95 проценти од случаите и дека нема сериозни грижи за нејзината безбедност. Американскиот секретар за здравство Алекс Ејзар рече дека Агенцијата за храна и лекови може да одобри итна дистрибуција на вакцината во следните недели.

Во исто време, Универзитетот Џонс Хопкинс објави дека 12 милиони луѓе во САД биле заразени со коронавирус.

Време е да ги повикаме сите Американци да бидат повнимателни, рече Дебра Брикс, член на работната група на Белата куќа за коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This