дома КОВИД-19 (Коронавирус) Третоодделенец „испpaти“ во изолaција 18 соученици и двајца наставници

Третоодделенец „испpaти“ во изолaција 18 соученици и двајца наставници

Ученик од трето одделение во неготинско училиште е позитивен на кopонавирус. Поради тоа, во изолaција се 18 соученици и двајца наставници.

Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидeмиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој додаде дека во изминатите 24 часа евидентирани се 28 случаи позитивни на Ковид-19 во Кавадарци, три во Росоман, 17 во Неготино.

– Новозaболените се на возраст од осум до 82 години. Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолирaат, нагласи Јовановски.