Трипуновски: Над 50 милиони евра помалку за земјоделците за догодина, а СДСМ пак се фали дека работат за народот и земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 50 милиони евра помалку за земјоделците за догодина, и СДСМ пак се фали дека работат за народот и земјоделците. Дали навистина мислите дека некој ви верува?, прашува Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

-5 години по ред нема сигурен откуп ниту нормални откупни цени за земјоделските производи.

Власта не се потруди да обезбеди откуп. 5 години по ред јаболката завршуваат во Преспанско езеро, праските во депониите, пиперките на буниште, оризот скапува во амбарите, тутунот го палат или продаваат по мизерни цени.

Не гледам ниту една мерка, која владата ја планира, а е насочена кон обезбедување на сигурен откуп. Нема. И годинава што доаѓа ќе гледаме како земјоделците нема каде да си го продадат родот свој.

Со хидроакумулациите не знаат како да управуваат. Вода нема ниту за земјоделците, ниту за производство на струја. Во нови капацитети не се инвестираше 5 години.

Од пресот се гледа безидејност и незнаење. Затоа колку побргу си заминат толку подобро за Македонија, само така ќе имаме можност да ги исправиме работите, пишува Трипуновски на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This