дома Политика Трипуновски: Ова е доказ за неспособноста на менаџментот на МЗШВ заради коj...

Трипуновски: Ова е доказ за неспособноста на менаџментот на МЗШВ заради коj земјоделците ќе останат без субвенции

Почитувани, Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака. Цела година помина, а само 30% од податоците за ажурирање на катастарските парцели во СИЗИП и ЕРЗС е завршено, изјави денес Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Крајниот рок за ажурирање на податоците е 30 јуни. Власта има уште 5 дена, а цели 70% за ажурирање.  .

Што правеше власта цела година и зошто се доцни со ажурирањето на податоците?!

Дополнително треба да имаме во предвид дека креирање на е – Барања за директни плаќања од Програмата за 2020 година е до 31 јули 2020 година.

Роковите притискаат, а СДСМ се нeспособни.

Мора итно да биде продолжен рокот за ажурирање, но истовремено и да се утврди одговорност за ова доцнење и ненавремено извршување на задачите и тоа кај раководните лица во МЗШВ.

Земјоделците не се должни да ја трпат неработата на пајташите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, кои ги плаќаат од својот џеб за да работат за нив, а не за партијата.

Уште еднаш потенцирам, дека за ваквиот тип на неработа одговорност со сиугурност ќе биде побарана по промената на власта. Никој не смее да си поигрува со земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, план за обнова на земјоделието.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе kpиминал, можат повеќе koрупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Ви благодарам на вниманието.