Трифонов: Бугарија секогаш ќе биде емотивно поврзана со Русија, но мораме да бидеме лојални на ЕУ и на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија секогаш ќе биде емотивно поврзана со Русија поради жртвата што таа ја даде за нас, но ситуацијата е поинаква, истакна во едно интервју Слави Трифонов, лидерот на партијата Има таков народ.

Според него, потегот на бугарскиот народ да стане членка на ЕУ и на НАТО пред неколку години бил правилен.

-Мора да бидеме лојални партнери на овие две организации. Конечно, треба да имате врска во која нема две нозе, едната да зачекори на едно место, другата на друго место. Кога партнерот е предвидлив, ќе можете да му верувате. Треба да бидете принципиелни, доследни, лојални, изјави Трифонов.

Лидерот на ИТН во интервјуто за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш” ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This