дома Македонија ТРИФУН КОСТОВСКИ ГИ ИСКАРА ЕГЕЈЦИТЕ: Што имало да му се шетаат по...

ТРИФУН КОСТОВСКИ ГИ ИСКАРА ЕГЕЈЦИТЕ: Што имало да му се шетаат по улица во неговиот град и да го раскаруваат него со неговите Албанци!

Поранешниот Градоначалник на Скопје, Трифун Костовски срамно ги подели Македонците на Вардарци, Егејци и Пиринци.

За Телевизија 21 изјави дека еден од организаторите на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ потекнува од Егејскиот дел и прашува зошто не оди да ги брани правата на Македонците во Грција, мислејќи на Борис Дамовски.

-Говорникот што денеска е на сите протести за зачувување на Македонија е Македонец, кој што потекнува од Егејскиот дел на Македонија. Зошто не оди да ги брани правата на Македонците во Грција? Овдека каде што јас сум роден, на овие терени со моите Албанци заедно, овдека ме доведоа на работ да јас немам соживот, истакна Костовски.