дома Економија Трифун Костовски: Жaл ми е за моите клиенти, јас гoл сум се...

Трифун Костовски: Жaл ми е за моите клиенти, јас гoл сум се родил, гoл ќе си умpaм

Бизнисменот Трифун Костовски попладнево како мнозински акционер во Еуростандард банка се појави на прес конференција со неговиот син и ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

Поточно тој го обвини Николче Петковски поранешниот претседател на управниот одбор за пропаѓањето на банката. Според него Народната банка е неспособна и донела избрзана одлука.

Најавија кривични пријави против претходниот управен одбор и најавија дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција. Рече дека Петковски ги пренел жедни преку вода.