дома Македонија ТРИЧКОВСКИ ЌЕ ГО „ИЗГУСТИРА“ ОНА ШТО ИМ ГО ПОСАКУВАШЕ НА ДРУГИ: Пет...

ТРИЧКОВСКИ ЌЕ ГО „ИЗГУСТИРА“ ОНА ШТО ИМ ГО ПОСАКУВАШЕ НА ДРУГИ: Пет години „ќорка“ препишува Кривичниот закон!

Јавното обвинителство отвори кривична постапка против новинарот Бранко Тричковски, а за истата тој самиот преку социјалните мрежи ја информираше јавноста


Од обвинителството се уште нема точна информација во врка со што се гони новинарот, но експертите претпоставуваат дека се работи за кривично гонење поради текстовите на новинарот, кој претходно беа објавувани во различни медиуми во форма на колумни.

Имено, Тричковски во неколку наврати во своите колумни објавени во „Плусинфо“ и „Слободен Печат“ повикуваше на атентат на Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Христијан Мицкоски, па дури и врз Сашо Мијалков.

Освен во медиумите, Тричковски повикуваше на насилство и преку социјалните мрежи, а посакуваше смрт и за полицајците кои беа на браникот на одбраната на државата во антитерористичката акција во Диво Насеље.

Ова е уредено со кривичниот законик, во член 144. став 4. во кој се препишува казна затвор до пет години за лице кое преку компјутерски систем ќе упати закана по животот на друго лице, или групација.

Претходно за слични дела беа обвинети и Миленко Неделковски, како и актерот Тони Михајловски.