Терористичката организација ИСИС ја превзема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во центарот на Кабул, во дипломатската населба, во која се убиени тројца припадници на безбедносниот персонал, додека седум лица се ранети
ИСИС наведува дека нападот го извел бомбаш со опасен експлозив, чија мета била капијата на седиштето на авганистанската разузнавачка служба, пренесува АП.
Авганистанските претставници напоменуваат дека бројот на убиени во текот на нападот би можел да порасне.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш рекол дека нападот се случил во населбата Шаш Дарак, во близина на седиштето на НАТО и Амбасадата на САД.
И талибанците и ИСИС претходно изведувале такви напади во Кабул, потсетува американската агенција.
Во меѓувреме, друг авганистански претставник рекол дека најмалку тројца припадници на безбедносниот персонал се убиени во одвоен самоубиствен бомбашки напад во јужната провинција Хелманд. Портпаролот на провинцискиот гувернер Омар Звак рекол деканападите се со автомобил-бомба, а притоа се убиени двајца војници, и еден е ранет.
#Afghanistan: At least 1 dead, 6 wounded as suicide bombing rocks Kabul: By Mohammad Halim Karimi on 24 February 2018 KABUL (Pajhwok): At least one person was killed and six others were wounded on Saturday when a suicide attack rocked the diplomatic…… https://t.co/OCRYAwUMla pic.twitter.com/6vYJrk4IUb
— Pajhwok Afghan News (@pajhwok) February 24, 2018
Авганистанските војници претходно отвориле оган по возилото, но сепак истото успеало да дојде до влезот на воената база во дистриктот Над Али.
Во трет самоубиствен бомбашки напад, кај друга воена база во Лашкар Гаху, главниот град на Хелманд, убиен е еден припадник на обезбедувањето, а седум цивили се ранети, вели Звак.
Портпаролот на талибанците Кари Јусуф Ахмади изјавил дека таа организација е одговорна за двата напади во Хелманд.
Истовремено, најмалку 18 војници се убиени во западната авганистанска провинција Фараху откако талибанските бунтовници нападнале воен контролен пункт, пренесува АП.
Далат Вазири, портпарол на Министерството за одбрана на Авганистан, изјави дека уште двајца војници се ранети во нападот, кој се случил во дистриктот Бала Булук во таа западна провинција.