дома Магазин Три гостинки на кралската свадба уловени во ист фустан

Три гостинки на кралската свадба уловени во ист фустан

Нема ништо полошо од тоа со денови да бирате што ќе носите на свадба (во случајов кралската), за на крајот да сфатите дека некој друг имал идентична идеја како вашата.

Тоа се случи со три дами кои беа гостинки на свадбата на Меган и Хари во саботата.

Се работи за модел на фустан од брендот Self-Portrait, кој чини 580 долари.
Неодамна имавме можност да го видиме на актерката која ја глуми Меган Маркл во филмот за неа и принцот Хари, а неколку дена подоцна и на три други дами.