дома Македонија Три лица починaa во Koвид центарот во Штип

Три лица починaa во Koвид центарот во Штип

Во штипскиот Ковид центар за едно деноноќие битката ја изгубија тројца пациенти од кои двајца од Штип на возраст од 51 и 63 и 68 годишен жител на Радовиш.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека во овој центар се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 50 на Инфективното и еден пациент на Анестезиологија, каде што се лекуваат тешките пациенти. Неколку денови голема е и бројката на пациенти, кои се на кислородна поддршка. Триесет и девет пациенти се борат за здив и се на кислородна поддршка.

Според статистиката на МВР, за периодот за едно деноночие на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 52 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 109 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1075 лица со вакви решенија.