дома Европа ТРКА ЗА МЕСТОТО НА ТЕРЕСА МЕЈ: Кој ќе ја замени британската премиерка?!

ТРКА ЗА МЕСТОТО НА ТЕРЕСА МЕЈ: Кој ќе ја замени британската премиерка?!

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе поднесе оставка пред да започне наредната фаза преговори за Брегзит, но не го објави точниот датум кога планира да си оди од функцијата, пренесува Ројтерс.

Членовите на Конзервативната партија веќе започнаа меѓусебна трка во редовите на партијата за кој ќе ја замени премиерката по заминувањето.

Меѓу конзервативците кои сакаат да седнат на премиерското столче се и тројца поранешни министри кои беа дел од владата на Тереза Меј, Естер Мекви, (51) поранешна министерка за труд, потоа поранешната министерка за внатрешни работи, Амбер Руд (55), и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон (54), пренесува Ројтерс.

.