March 28, 2024, 10:00 pm

Тројца лекари и четири медицински сестри од Македонски Брод на испомош во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од вчера тројца лекари од Здравствениот дом Македонски Брод и четири медицински сестри се упатени во КОВИД-центрите во главниот град. Овој персонал ќе остане во Скопје до крајот на месецот, потврди директорот на Здравтсвениот дом, Жарко Симески.
-На барање на КОВИД-центрите на скопските клиники, во главниот град од вчера се наоѓаат и тројца лекари и четири медицински сестри од Здравствениот дом во Македонски Брод. Нашиот персонал ќе остане во главниот град до крајот на овој месец. Бидејќи во нашиот Здравствен дом сите медицински сестри и лекари се доволно обучени за вакцинација и лекување на ковид болните, отсуството на седуммината наши вработени се надеваме дека нема да се почувствува. Дури ако е потребно од почетокот на наредниот месец ќе упатиме нова група на персонал на помош на своите колеги во главниот град, истакна директорот Симески.
Тој појасни дека ова не е прв пат персонал од Здравствениот дом во Македонски Брод да оди на помош на колегите од главниот град. Минатата пролет три месеци сестри и лекари од овој Здравствен дом беа на помош во КОВИД-центрите во Скопје.
Симески нагласи дека според досегашното искуство, пикот во Македонски Брод се очекува за две до три недели, како што се случил по пикот во поголемите соседни градови, Кичево и Прилеп

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This