дома Хроника ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ ВОЗИЛО ПА ПРОПАДНАЛЕ ВО ДУПКА: Автомобил Пежо утринава пропадна...

ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ УКРАЛЕ ВОЗИЛО ПА ПРОПАДНАЛЕ ВО ДУПКА: Автомобил Пежо утринава пропадна во дупка, откако наводно бил украден од тројца малолетници

Автомобил Пежо утринава пропадна во дупка од градежни активности кај „Прокредит“ банка близу „Сити Мол“ во скопската населба Карпош, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

-Околу 7-8 часот во ургентниот центар на болницата ‘8 Септември’ биле донесени три деца, кои наводно украле возило и при возење пропаднале во дупката. Прегледани се и бидејќи немале посериозни повреди, однесени се во полициска станица, велат извори од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Фото: САКАМДАКАЖАМ.МК