дома Хроника Тројца пoBpeдени полицајци во судир на „Рузвелтова“

Тројца пoBpeдени полицајци во судир на „Рузвелтова“

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово што се случила на крстосницата на улиците „Франклин Рузвелт“ и „Орце Николов“, а во која учествувале полициско возило и такси.

Како што соопшти МВР, во 03,37 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од полицијата.

Возачот изгубил контрола над „мицибушито“, од засега непознати причини.
Утрината, со возило на Пајак службата, полицискиот автомобил беше отстранет од местото на несреќата.