дома Балкан Трaгeдиjа во Србија: Две дeца нaстpaдaле од cтрyен yдaр додека мaјката ги...

Трaгeдиjа во Србија: Две дeца нaстpaдaле од cтрyен yдaр додека мaјката ги бањaла во када

Две девојчиња на возаст од пет и од седум години од Обреновац, настрадале од струен удар. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, трагедијта се случила во нивниот дом во центарот на Обреновац, додека мајката ги бањала децата во када.

Мајката исто така имала повреди од струјниот удар, но била свесна и комуникативна. Таа заедно со децата веднаш е пренесена во градската болница каде се обиделе да ги реанимираат децата, но веќе било предоцна.

Покрај двете девојчиња, во станот имало уште едно дете, но тоа е неповредено.