дома КОВИД-19 (Коронавирус) ТТК Банка до жителите на Дебар и Центар Жупа: Без провизија можете...

ТТК Банка до жителите на Дебар и Центар Жупа: Без провизија можете да подигате готовина и од банкомати на други банки

Од ТТК Банка ги информираат клиентите од Дебар и Центар Жупа дека готовина ќе можат да подигнуваат и од банкомати на други банки во Дебар, без провизија.

-Во согласност со најновата Одлука на Владата за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, а со цел овозможување на непречен пристап до готовина Ве информираме дека подигнувањето на готовината од Visa дебитните и кредитни картички издадени од ТТК Банка АД Скопје почнувајќи од денес ќе можете да го вршите и на најблискиот достапен банкомат на друга банка на територијата на град Дебар. Провизијата за подигнување на готовина од банкомат на друга банка ќе биде надоместена од страна на ТТК Банка АД Скопје.

При користењето на банкоматите Ве советуваме да ги користите препорачаните хигиенски мерки за спречување на ширење на вирусот Ковид-19.

Оваа можност Банката ја остава на располагање во времетраење до истек на мерките за што дополнително ќе информира.

Во престојниот период ТТК Банка АД Скопје активно ќе ја следи ситуацијата, доследно ќе ги почитува и ќе продолжи ефикасно да постапува согласно препораките од надлежните институции, велат од ТТК Банка АД Скопје.