ТУЖБА ПРОТИВ ДРЖАВАТА: Македонија може да заработи тужба поради загадувањето на воздухот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерните станици во повеќе општини во Македонија денеска и вчера регистрирале енормно загадување на воздухот. Податоци од мерните станици на социјалните мрежи и драматични наслови во медиумите денеска алармираат за превисоката застапеност на ПМ10 честичките во воздухот.


Поради овие причини во државата, особено во Скопје, расте и бројот на лицата што заболуваат од малигни болести, граѓаните имаат проблеми со алергии и аспираторни заболувања.
Токму поради тоа, минатиот месец тужба против Македонија до европскиот суд за човекови права во Стразбур и жалби до сите меѓународни институиции најави иницијативата О2 за чист воздух поради алармантната загаденост во државата. Според нив, станува збор за Еко геноцид и елементарна непогода. Согласно Уставот една од темелните вредности е хуманизација на просторот и заштита на животната средина и државата треба да гарантира здрава животна средина.
Поради загадувањето кое е настанато како последица на неработењето на државните органи за контролата на воздухот, водата и почвата или е поради застарената технологија и прекумерното емитирање штетни честички во воздухот, државата треба да ги отстрани последиците, велат правниците.
Oбвинувања дека некој го крши Уставот се слушаат се почесто. Но за еден член посебно, се крши веќе неколку години, секојдневно, дваесет и четири часа во денот. Според правниците, членот 43 од Уставот вели дека “секој човек има право на здрава животна средина”, додека „Републиката обезбедува услови за остварување на ова право од граѓаните“.
И Народниот Правобранител Иџет Мемети, се сложува со правниците дека правото на здрава животна средина е фундаментално право и треба да се вложи труд тоа да се штити. Според него, проблем е менталитетот на граѓаните, како и институциите кои треба да мониторираат и контролираат.
Значи државата мора многу повеќе да вложува во овој сегмент со цел добра заштита на животната средина, смета Правобранителот.
Еколошки правни процеси не се новост во светот. Со помала или поголема успешност биле тужени институции и власти од Кина до Велика Британија. Според еколошкиот активист Игор Смилев, граѓаните се скептични дека тужба против државата може некако да помогне во заштита на нивното здравје. Но, тој вели дека граѓаните не треба да се откажуваат од борбата за своите права, додавајќи дека прв би застанал со своето знаење и искуство во поддршка на еколошка тужба за енормното загадување.
Во процесот „Велес против Македонија за историско загадување“ на пример, вкупно осум субјекти ја тужеа државата во првиот и единствен голем еколошки правен процес од независноста. Но, не ни дошло до судење, бидејќи тужбата беше отфрлена како некомплетна поради технички пропусти.
-Позитивното е тоа што еколошката свест е на многу повисоко ниво од пред пет години. Ама се уште не е доволно таквата свест да покрене еден цел судски механизам. Тука немаме проблем само со судиите туку и со државата, бидејќи никогаш не вложувала во екологија, ниту пак санирала последици од еколошко загадување, затоа што екологијата не е профитабилна“, објаснува Смилев.
Независно што битката е Давид против Голијат, преку правилно оформена тужба и притисок во однос на еколошките деликти, можеби граѓаните нема да добијат некој краен епилог, но тоа би се одразило во идното практицирање на власта во делот на еколошките политики“, порачува тој.
За судска одбрана на правото на чист воздух размислувале и во здружението Еко-свест. Од таму велат дека минатата година поднеле тужби против повеќе Општини кои не го имплементирале законот за квалитетен амбиентален воздух, но засега немаат добиено никаква разрешница. Тоа е така затоа што според нив, правниот систем не е баш на страна на граѓаните.
Инаку, при вакво екстремно загадување, неколкукратно над максимално дозволените 50 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, здравствените препораки се да не се излегува од дома, а во членот 51 од Уставот се вели „секој е должен да ги почитува Уставот и законите“.
извор: радио моф.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This