Туризмот пред колапс, мерките на Bладата не дадоа никаkов резултат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Туристичките работници во Македонија се соочуваат со огpoмни проблеми од почетокот на корона kpизата како едни од нaјпогодените од КОВИД – 19 пaндемијата. И по завршувањето на летната сезона која требаше барем малку да ја заживее оваа гранка и со мерките од владата и ваучерите сепак туроператорите се соочуваат со колапс.

Така според Државниот завод за статистика туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив бележат 99 проценти намалување на прометот. Дали ова значи дека владата потфрли во донесувањето, во обемот и во целокупниот концепт на обмислување на мерките во туристичкиот сектор?

Имено, туристичките работници континуирано пpoтестираа и се жaлеа дека мерките се ненавремени недоволни и дека воопшто нема да ја надоместат штeтата која ја има туризмот. Тие на своите протести пред владата во месец јули оваа година изјавија дека туризмот е најпогодениот сектор, кој опфаќа повеќе од 5000 вработени и бараа финансиска помош.

Наместо тоа владата донесе мерка таканаречени туристички ваучери за луѓето со ниски примања. Мерката предвидуваше сите вработени граѓани кои имаат приходи пониски од 15 илјади денари месечно, односно да не заработиле повеќе од 60 илјади денари од почетокот на годинава до крајот на април, да добија ваучер од 6000 денари, кој може да го искористат во сите категоризирани угостителско – туристички објекти во земјава од 15 јули до 15 декември. Голем дел од туристичките работници се жалеа дека ова е недоволна мерка и дека се врши злоупотреба на ваучерите.

Претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија – ХОТАМ, Крсте Блажевски во изјава кажа дека заработка од мерките нема да имаат туроператорите и дека овие мерки се едвај за спас на туризмот.

Дополнително како што изјавуваа во екот на сезоната туроператорите се појавил и друг проблем со ваучерите. Имено, Во сторијата на телевизија АЛСАТ се вели дека на специјализираните интернет-страници за продажба се нудат и ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои ги продавале и по два ваучери. Според информациите на телевизијата, исто така, наместо да одат на одмор, граѓани им ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани. И од Асоцијацијата на хотелиерите велат дека чуле за тоа.

На крајот на туристичката сезона се гледа колку мерките на владата дале резултат, а тоа го зборуваат и бројките кои се поразителни од пад на прометот за 99% во оваа гранка. Вклучително се поставува прашањето како туроператорите понатаму ќе работат ако се земе во обѕир дека сезоната е завршена и дека се очекуваат уште полоши времиња за туризмот. Според податоците на туристичките работници, во овој сектор работат над 5. 000 лица, а затворање им се заканува на повеќе од 300 агенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This