дома Свет ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ ПРИВЕДЕ 26 ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА: Турската полиција приведе 26 војници...

ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ ПРИВЕДЕ 26 ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА: Турската полиција приведе 26 војници под сосмение дека се дел од движењето на Фатулах Ѓулен

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 26 војници осомничени за поврзаност со организацијата ФЕТО, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Главното обвинителство во Анкара утрово ги издала наредбите за апсење на војниците кои служеле во командата на копнените сили. Во тек е операција во 14 области на земјата.

До сега се уапсени 20 војници, а полицијата ја продолжува потрагата по останатите шест осомничени.

Според турските власти, групата ФЕТО на Фетулах Ѓулен кој живее во САД е одговорна за обидот за преврат во Турција во 2016 година.

МИА