дома Македонија ТУРЦИТЕ СЕ ОФАЈДИА ОД CAНКЦИИТЕ КОН ИРАН: „Ниту една земја од Европа,...

ТУРЦИТЕ СЕ ОФАЈДИА ОД CAНКЦИИТЕ КОН ИРАН: „Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран“

Министерот за нафта на Иран, Биџан Занганех, истакна дека по caнкциите на САД, само Турција меѓу европските земји купува нафта од Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на Новинската агенција на ирански студенти (ISNA), Занганех нагласи дека ниту една европска земја, освен Турција, не купува нафта од неговата земја.

„Ниту една земја од Европа, освен Турција, не купува нафта од Иран. Грција и Италија се исклучени од caнкциите на САД, но не купуваат нафта од Иран. Кога сакаме да разговараме со нив околу ова прашање, тие не ни враќаат одговор“, рече тој.

Занганех истакна дека Иран месечно во Ирак извезува природен гас во вредност од 200 милиони долари.

Според него, Ирак моментално на Иран треба да му плати долг од 2 милијарди долари за увоз на природен гас и електрична енергија.