дома КОВИД-19 (Коронавирус) Турција во цeлосен kapaнтин во текот на месецот Рамазан

Турција во цeлосен kapaнтин во текот на месецот Рамазан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави денеска воведување на поостри мерки против коронавирусот осврнувајќи се на растечкиот број на ризични градови низ целата земја.

Ердоган рече дека целосен карантин за време на викендот ќе биде воведен во текот на месецот Рамазан, а рестораните ќе служат само достава и храна и пијалоци за да се однесат, објави Ројтерс.

Полицискиот час, кој беше воведен од 21 до 5 часот наутро, ќе продолжи да се применува, посочи Ердоган.