Турција го лансираше својот најмоќен сателит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската вселенска компанија Space-X утринава во 4:59 часот го лансираше новиот, најмоќен турски телекомуникациски сателит Turksat 5B.

Turksat 5B, лансиран од вселенскиот центар Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, ќе достигне 42 степени на источната орбита за 164 дена, а потоа ќе започне 45-дневен процес на тестирање, јави Анадолија.

Сателитот произведен од „Airbus“, а пренесен од Франција во САД на 29 ноември е најмоќниот турски сателит.

Се очекува да трае повеќе од 35 години, а сателитот има нова генерација на електричен импулсен систем.

Покрај Турција, Turksat 5B ќе го опфати целиот Блиски Исток, Персискиот Залив, Црвеното Море, Медитеранот, Северна и Источна Африка, Нигерија, Јужна Африка и соседните земји.

Со Turksat 5B, Турција моментално има осум активни сателити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This