Турција е меѓу првите десет земји кои произведоа сопствен сателит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека Турција силно се развива и напредува во текот на последните 20 години, а уште еден показател за тој напредок е и лансирањето на турскиот телекомуникациски сателит Турксат 5Б во вселената, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот потпретседател Октај и министерот за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаиоглу, на церемонијата одржана во кампусот на Турксат „Голбаши“ во Анкара, главниот град на Турција, заедно во живо го следеа лансирањето на сателитот Турксат 5Б во вселената.

Истакнувајќи дека Турција силно се развива и напредува во текот на изминатите 20 години, Октај рече дека Турција со проектот Турксат 5Б, стана една од првите десет земји што произвеле сопствен сателит.

Додаде дека Турција зазема поинаков став во однос на другите земји кога станува збор за технологијата.

„Ние не чувствуваме љубомора и не сме себични по прашање на технологијата. Турција е земја која ја споделува технологијата со другите, се развива заедно со другите и воспоставува однос во кој сите се победници“, рече тој.

Тој истакна дека во денешно време информациите и податоците се многу важни за севкупниот напредок, додавајќи дека компаниите од таа област многу брзо достигнуваат вредност од милијарди, па дури и билиони долари, што дава голем придонес за економијата.

„Сателитите што веќе ги лансиравме во таа смисла ја зајакнуваат нашата инфраструктура. Технологијата што ја развивме во секоја област ќе ја пренесеме понатаму во други сектори. Ова ни помага и во користењето на технологиите што ги развивме во одбранбената индустрија, а тоа постепено го шириме и во други сектори“, рече Октај.

Тој појасни дека сателитите обезбедуваат доминација и јакнење на довербата во една земја во сите региони во подрачјата кои ги покрива сателитот.

„Податоците и технологиите што ги добиваме од овде всушност ни даваат можност да ги следиме сите области во кои работиме. Нашата соработка со земјите од подрачјето што ќе го покрива сателитот ќе биде далеку над досегашното ниво. Сето тоа има технолошка и економска димензија, но и форми на соработка надвор од тоа. Секако, мораме да поставиме нова цел над овие цели што сега сакаме да ги постигнеме. Затоа додека го лансираме сателитот 5B работиме на тоа како да развиеме сопствени системи за лансирање на сателитот 6А“, тој рече.

Министерот Караисмаиоглу истакна дека сателитот Турксат 5Б е лансиран во вселената и дека го започнал своето патување откако успешно се завршени сите клучни фази на подготовка.

„Ќе биде поставен во орбитата во јуни и ќе ги започне своите активности по тест периодот кој ќе трае месец и половина“, рече тој.

Истакна дека сателитот Турксат продолжува да се развива, напоменувајќи дека за сателитот 6А ќе се разговара следната година.

„Исто како и во сите други сектори, ние го покажуваме нашето присуство во вселената на целиот свет, како и голема и моќна Турција“, рече Караисмаиоглу.

Американската вселенска компанија „Спејс икс“ (SpaceX) утринава во 4.59 часот по средноевропско време го лансира новиот турски телекомуникациски сателит Турксат 5Б.

„Турксат 5Б“, лансиран од вселенската станица „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида, ќе достигне 42 степени источна орбита за 164 дена, а потоа ќе започне 45-дневен процес на тестирање.

Сателитот произведен од „Ербас“ и пренесен од Франција во САД на 29 ноември, е најмоќниот турски сателит и ќе го зголеми Ка-Бенд капацитетот за повеќе од 15 пати. Ќе може да пренесува податоци со вкупно повеќе од 55 гигабити.

„Турксат 5Б“ е произведен со придонес на домашната индустрија на Турција. Се очекува да биде со животен век од над 35 години и ја претставува новата генерација на импулсен систем со електричен погон.

Со „Турксат 5Б“, освен Турција, ќе бидат покриени и целиот Блиски Исток, Персискиот Залив, Црвеното Море, Медитеранот, Северна и Источна Африка, Нигерија, Јужна Африка и соседните земји.

Турскиот претседател Ердоган одржа видеоразговор во четвртокот со Илон Маск, основачот на „Спејс икс“ (SpaceX), на кој разговараа и за лансирањето на сателитот.

Уште еден од турските сателити, „Турксат 5А“, беше лансиран во јануари исто така од компанијата „Спејс икс“. Со „Турксат 5Б“, Турција моментално има вкупно осум активни сателити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This