Турција и Грција се „тeпaaт“ за богaтcтво вpeдно 80 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откривањето на големи резерви на гас од 320 милијарди метри кубни во Црното Море од страна на Турција се проценети на вредност од 80 милијарди долари во согласност со сегашниот тренд на цените, изјави за агенцијата Анадолија (АА) Фатих Бирол, челникот на Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

Гасот е пронајден на длабочина од 2.100 метри под морското дно во полето за природен гас Сакарија, кое се наоѓа на околу 170 километри од брегот на Црното Море.

Бирол рече дека тоа се смета за огромно откритие во меѓународни рамки, и дека само за споредба тоа е еднакво на сите откритија на Норвешка во Северното Море од 2010 година наваму.

Тој ја истакна важноста на пронаоѓањето за Турција, земја која 99 отсто е зависна од увоз на гас, коментирајќи дека тоа ќе ѝ помогне на Турција да го намали дефицитот на тековната сметка и за Законот за увоз на природен гас.

„Потребна е инвестиција од речиси 6 милијарди долари за започнување на производството од полето, што се планира за 2023 година“, рече тој.

Според Бирол, оваа амбициозна цел за 2023 година не е невозможна, како што е направено со други откритија на гас, само доколку се стави приоритет на инвестицијата и навременото реализирање на сите официјални процедури.

Турција увезува околу 45 милијарди метри кубни природен гас годишно, што ја чини приближно 12 милијарди долари.

„Ова ќе ѝ помогне на Турција да ја намали потрошувачката за увоз, но целосно не ги решава проблемите со трговскиот дефицит“, предупреди Бирол.

– Поплочување на патот за инвестиции во оф-шор проекти за искористување на ветрот –

Челникот на Меѓународната агенција за енергетика истакна дека Турција може да издејствува преговори за соработка со нафтените и инженерски компании, бидејќи се бележат големи отпуштања во нафтената и индустријата за природен гас, што претрпе пад на инвестициите во 2020 година од 50 отсто во однос на истиот период минатата година.

„Илјадници луѓе кои работат во нафтените и инженерски компании станаа невработени бидејќи нема инвестиции во овој сектор. Затоа, откритието на Турција дојде во многу добро време за да ѝ овозможи на земјата да биде многу посилна во потенцијалните преговори за соработка со овие компании“, рече Бирол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This