дома Арсенал ТУРЦИЈА НЕ ГИ ПОСЛУША ПАРТНЕРИТЕ ОД НАТО: Русија започна со производство на...

ТУРЦИЈА НЕ ГИ ПОСЛУША ПАРТНЕРИТЕ ОД НАТО: Русија започна со производство на ракетни системи наменети за С-400 за Турција

Русија започна со производство на ракетни системи С-400 за противвоздушна одбрана за Турција, изјави директорот рускиот државен извозник на оружје и воена опрема на “Рособоронекспорт” Александар Михеев за Спутник

“Почнавме да го спроведуваме договорот [за испораките на С-400 во Турција]”, рече Михеев, објаснувајќи дека производството на ракетните системи започнало, но сè уште не се испорачани.

Руско-турската соработка за испораките на С-400 постојано беше критикувана од страна на НАТО, која рече дека интеграцијата помеѓу различните системи за воздушна одбрана ќе биде невозможна.

Американскиот Стејт департмент, исто така, изрази загриженост во врска со ова прашање, предупредувајќи јаТурција за можни санкции по купувањето на руски ракетни системи.

“Анкара тврди дека се согласила да го купи ракетниот систем С-400, што потенцијално би можело да доведе до санкции според членот 231 од договорот CAATSA и негативно ќе влијае на учеството на Турција во програмата Ф-35”, изјави помошник државниот секретар на САД Вес Мичел.

Русија и Турција потпишаа договор за набавка на системи С-400 во декември 2017 година. Според турските власти, нивната земја ќе купи С-400, со кои ќе управува турски воен персонал.