дома Европа ТУРЦИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА БУШЕЊЕ ЗА НАФТА КАЈ КИПАР: Европската Унија го повика...

ТУРЦИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА БУШЕЊЕ ЗА НАФТА КАЈ КИПАР: Европската Унија го повика Ердоган да ги повлече воените продови кај Кипар

Европската унија ја предупреди Турција дека, ако нејзината морнарица не престане да ги спречува истражувањата на наоѓалиштата на природен гас кај Кипар, лидерите на Унијата би можеле да се откажат од состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е најавен за крајот на март

Италијанската компанија „Ени“ упати бродови со опрема за бушење на гас во Средоземното море југоисточно од Кипар, но на патот им се испречи турската воена морнарица, која се закани со употреба на сила.

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск изјави дека, по самитот на лидерите на Унијата во брисел, дека до Турција е упатен итен повик да стави крај на таквите активности.

Тој пренесува дека лидерите на ЕУ нагласуваат дека правата на Кипар да го „истражува и експлоатира своето природно богатство е во склад со меѓународното и правото на ЕУ“.

Туск додава дека ЕУ е спремна да соработува со Турција, но дека на својот самит на 22. и 23. март ќе одлучи дали ќе биде одржан состанок со Ердоган, кој е планиран за 26. март во Бугарија.