Турција нajocтpo ja ocyди oдлyкaтa нa приштинските инcтитyции: „Kocoвo ни зa6и noж вo гp6oт“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Турција најостро ја осуди одлуката на приштинските институции да ја отворат својата амбасада во Ерусалим.

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека со ваков потег, Приштина ја прекршила резолуцијата на ООН за статусот на Ерусалим и му нанела штета на мировниот процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Анкара смета дека Приштина предизвикала штета со кршење на статусот на Ерусалим како дел од мировниот процес и визијата за решавање на конфликтот со создавање палестинска држава.

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека амбасадата на оваа држава е официјално отворена како дел од договорот постигнат во Вашингтон во септември минатата година.

Приштина и Израел воспоставија дипломатски односи на 1-ви февруари на онлајн церемонија.

Ветувањето на Приштина за отворање амбасада во Ерусалим предизвика остри критики во Турција, а критики стигнаа и од Европската унија, која рече дека одлуката на Приштина да отвори амбасада во Ерусалим е спротивна на меѓународното право.

В.д. Министерот за надворешни работи на Косово, Бесник Тахири, посочи дека признавањето и воспоставувањето дипломатски односи со Израел денес заврши со отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, и дека е тоа еден од најважните моменти на државата Косово.

Тој за новинарите во Приштина им рече дека признавањето на Израел е едно од најважните, процесот не беше лесен и ги зајакна нашите односи со таа земја, со која беа воспоставени дипломатски односи на 25 февруари.

Статусот на Твитер може да го погледнете ТУКА.

Тахири рече дека поради пандемијата, никој од високите претставници на Косово не може да биде денес на отворањето на амбасадата во Ерусалим и дека тој ја овластил вршителот на должноста на Косово во Израел, Инес Демири.

Демири исто така оцени дека отворањето на косовската амбасада во Израел е извор на гордост и историски момент. Демири на Фејсбук напиша дека најголемата чест во мојот живот беше тоа што имав можност да отворам амбасада и гордо да и служам на својата земја во Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This