Турција откри наоѓалиште на злато проценето на околу шест милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција откри големо наоѓалиште на злато со околу 3,5 милиони унци (99 тони) на благородниот метал што е проценето на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија.

За откритието во близина на западниот град Согут објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на ѓубрива „Губретас”.

– Станува збор за вредност од близу шест милијарди долари, изјави Појраз за „Анадолија“.

Тој истакна дека „во рок од две години ќе биде извлечено првото злато и ќе придонесе за зајакнување на турската економија. Акциите на „Губретас“ се зголемија за речиси 10 проценти на берзата во Истанбул”.

Министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез во септември рече дека Турција минатата година собори рекорд, произведувајќи 38 тони злато.

– Наша цел за следните пет години е да достигнеме годишно производство на 100 тони злато, нагласи Донмез.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This