дома Свет ТУРЦИЈА ПОВТОРНО КОНТРА САД: САД и Израел ја делат одговорноста околу масакрот...

ТУРЦИЈА ПОВТОРНО КОНТРА САД: САД и Израел ја делат одговорноста околу масакрот во Газа вели Анкара

Ситуацијата долж границата помеѓу Израел и Газа е напната во текот на изминатите неколку недели, за време на масовните протести на Палестинците против преселувањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

“Администрацијата на САД е исто толку одговорна како и израелската влада за овој масакр”, пишува вицепремиерот Бекир Боздаг на Твитер, наведувајќи дека инцидентите биле предизвикани од “неправедни и незаконски одлуки”, додека САД ја преместуваат својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Палестинците убиени од израелските војници во пограничните судири во Газа се зголемија на 37, според последните извештаи на палестинското Министерство за здравство.

Израелските одбранбени сили постојано известуваат за бројни обиди на Палестинците да ја пробијат безбедносната ограда на земјата поради тековните протести, предупредувајќи ги Палестинците да не се приближат до оградата.

Шест недели Палестинците држеа масовни митинзи, т.н. Големиот марш на враќање, во близина на границата со Газа.

За време на овие протести, десетици Палестинци се убиени, а над 1.000 други се повредени, додека израелските сили продолжуваат да ги потиснуваат демонстрациите.