дома Свет ТУРЦИЈА ПРОДОЛЖИ СО БОМБАРДИРАЊЕ: Одново бомбардирана сириската енклава Африн

ТУРЦИЈА ПРОДОЛЖИ СО БОМБАРДИРАЊЕ: Одново бомбардирана сириската енклава Африн

Турските авиони денес повторно, по кратко затишје, изведоа воздушни напади на сириската покраина Африн

Државната агенција „Анадолија“ извести дека борбените авиони Ф-16 се вратиле на кампањата за бомбардирање во четврток и го погодиле ридот Бафлун како и селата Шеик Хуруз и Кефер Џене и регионите Шеран, Џиндерес и Раха.

Турската војска соопшти дека бомбардирани се 19 мети, вклучително и засолништа, складишта за муниција и распоредено вооружување на „терористичката организаиција. Се додава дека сите авиони безбедно се вратиле.

Турскиот генерал Хулиси Акар и другите воени команданти ја следеле операцијата од извидувачки авион.

Турција започна со офанзива на оваа сириска екнклава пред три недели за да ги протера борците на сириските Курди кои ги гледа како безбедносна закана поради нивната поврзаност со бунтовниците во земјата.