дома Европа ТУРЦИЈА СИ ГО БАРА ВЕТЕНОТО ОД ЕУ: Конкретен датум за визна...

ТУРЦИЈА СИ ГО БАРА ВЕТЕНОТО ОД ЕУ: Конкретен датум за визна либералиција

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска соопшти дека Анкара подготвила конечен предлог за укинување на визите за патување на државјаните на Турција во ЕУ, кој во следните денови ќе му биде доставен на Брисел.

Чавушоглу нагласи дека со овој предлог Турција ќе бара од ЕУ да подготви план за процесот со конкретен датум за либерализација на визниот режим.

Во март минатата година Турција и ЕУ склучија договор за запирање на приливот на мигранти од турска територија кон Европа, со кој меѓу другото, беше предвидено и укинување на визите за влез на турските државјани во земјите членки на Унијата.

Меѓутоа, целиот процес на визна либерализација беше запрен, откако по неуспешениот обид за преврат во јули, Турција донесе нов антитерористички закон, со кој, според оценките на ЕУ, се кршат човековите права и слободи.

Чавушоглу и денеска повтори дека Турција нема намера да врши никакви измени во контроверзниот закон за борба против тероризмот, но нагласи дека е подготвена да ги разгледа другите забелешки на ЕУ.