ТУРЦИЈА ЌЕ ГО НАПУШТА НАТО: Западот во грч откако Ердоган прогласи дека повеќе нема големи интереси во ЕУ и се фокусира на Русија и Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зближувањето на Москва и Анкара предизвика сериозна загриженост на Западот, бидејќи понатамошните развои на настаните помеѓу двете земји би можело да доведе до излез на Турција од НАТО и да означи огромен надворешнополитички успех на Русија, пишува „Франкфуртер алемајне цајтунг“

turcija_nato

Распоредот на силите на Блискиот исток одново се менува бидејќи Русија, Иран и Турција склучија договор за постигнување на решениево Сирија кое не е воено.

Овој настан не е само пресврт во судирот туку се покажа и спремноста на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да ги намли амбициите во регионот со цел зацврстување на врската со Русија, наведува весникот. Затопчлувањето на односите помеѓу Москва и Анкара е тешко да се замислат, бидејќи билатералните односи беа практично замрзнати откако турската авијација во ноември минатаа година собори руски воен авион во воздушниот простор на Сирија. Ердоган, сепак долго наоѓаше начини да се смири со Русија. Во јуни турскиот претседател се извини поради соборувањето на СУ-24 и нагласи дека е спремен да направи се што е можно да се обноват пријателските односи помеѓу двете земји. По обидот за државен преврат Ердоган одлучно ја сврте земјата кон Исток, бидејќи од Западот не доби доволно поддршка, нагласува авторот на текстот.

Сега, соработката на Москва и Анкара се развива молскавично. Ердоган покажа заинтересираност за руските системи за против-воздушна одбрана, а Москва го укина ембаргото на прехрамбени производи и одново ја отвори можноста за патување на своите туристи во Турција.

Во октомври, земјите објавија дека работат на гасоводот „Турски тек“, а во ноември Ердоган изјави дека Турција не треба да се врзува за Европската унија, туку да соработува со Кина и Русија, пишува весникот. Покрај тоа, во Москва се иде како „подмачкано“. Благодарение на Крим, Русија одново стана доминантна сила на Црното море, а Ердоган сега е може да го чува патот кон Средоземното море. Ако Москва успее да постигне Турција да истапи од НАТО, тоа ќе биде најголема надворешнополитичка победа на Русија, која ќе го надмине и постигнатото во Сирија, заклучува авторот на текстот.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This