дома Балкан Турција ќe вoвeдe цeлoceн пeтднeвeн „лokдayн“ oд 31 дeкeмвpи

Турција ќe вoвeдe цeлoceн пeтднeвeн „лokдayн“ oд 31 дeкeмвpи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави денеска дека од 31 декември во земјата ќе биде воведен целосен „локдаун” во траење од пет дена поради пандемијата на коронавирусот.

Тој нагласи дека наредбата за останување дома ќе почне да се применува на новогодишната ноќ во 21 часот и ќе трае до 4 јануари.

Ердоган се обрати откако официјалните податоци покажаа дека во Турција дневно се регистрирани рекордни 229 починати од последици на ковид-19.

Според информациите на Владата, во последните 24 часа се потврдени нови 29.617 случаи на заразени со коронавирус.

Вкупно досега во таа земја од коронавирус се заразени 1.866.345 луѓе, додека 16.646 лица се починати.