Тутунарите на средба со Заев, бараaт за реална проценка на тутунот и максимум пет отсто одбитоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставници од Иницијативниот одбор на тутунарите и од Сојузот на тутунските здруженија денеска во 14.00 часот треба да имаат средба со премиерот Зоран Заев.

Како што изјави за МИА претседателот Сојузот, Менде Стомнароски, производителите ќе ги повторат своите барања – реална проценка на тутунот и максимум пет отсто одбитоци.

Според Стомнароски, на средбата во Владата нема да присуствуваат откупувачите.

Oткупот на тутунот тече, проценката е пофлексибилна, но некои компании уште играат „топло-ладно“. Зголемена е малку и просечната цена која моментно изнесува околу 168 денари за килограм – рече Стомнарсоки.

Досега се откупени 2,5 милиони килограми или десет отсто од вкупната реколта, за разлика од лани кога ова време беа преземени 40 проценти или 13 – 15 милиони килограми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This