дома Хроника ТAЖНА ВЕСТ: Пoчинa поранешен одбојкар на Работнички

ТAЖНА ВЕСТ: Пoчинa поранешен одбојкар на Работнички

Бугарските медиуми објавија дека поранешниот одбојкар на Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев пoчинa вчера на 43-годишна возраст.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на „Топ тим“-купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.