дома Свет Тaткo cи гo зacтpeлал cинот зaтоа што еден час свирел гитapа и...

Тaткo cи гo зacтpeлал cинот зaтоа што еден час свирел гитapа и нe caкaл да пpecтaне

Фред Џон Хенсли Сениор е обвинет за напад откако пукал во својот син затоа што тој не сакал да престане да свири гитара „повеќе од еден час“, пренесува FOX 19.

Во кривичната пријава наведено е дека 79-годишниот маж од Охајо е обвинет „врз основа на полициска истрага, вклучително и усна изјава на осомничениот“.

Објава може да погледнете ТУКА.

Тој рекол дека неговиот син „му ги искинал нервите“ затоа што не сакал да престане да свири гитара еден час. Хенсли тврди дека „само сакал да пука покрај него“ за да го предупреди, но не му успеало, па го застрелал синот директно во стомакот. Таткото повикал брза помош, а додека ја чекале, синот ја искористил приликата и го нападнал таткото нанесувајќи му повреди на главата и лицето со тупаници.

При претрес на куќата, полицијата пронашла пиштол, истрошена чаура и гитара со дупки од куршуми.