дома Македонија Тeшко пoврeден вoзaч во сooбрaќaјка кај нoвиoт мoст во Штип

Тeшко пoврeден вoзaч во сooбрaќaјка кај нoвиoт мoст во Штип

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на мини обиколницата близу Штип, кај новиот мост на реката Брегалница, во која тешко е повреден еден маж.

Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓорѓиев за МИА изјави дека несреќата се случила во 20.45 часот и биле повикани од страна на полицијата да интервенираат во извлекување на повредениот возач. На терен излегле четворица пожарникари со едно возило.

Повредениот со возило на Брзата помош е пренесен во Клиничка болница Штип.

Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а истражните органи треба да утврдат кои се причините за директниот судар меѓу нив. Во тек е увидот на местото на несреќата од истражните органи.