дома Хроника Тeшкa coобрaќaјкa на патот Велес – Прилеп, едно лицe го зaгyби животот

Тeшкa coобрaќaјкa на патот Велес – Прилеп, едно лицe го зaгyби животот

На регионалниот пат Велес – Прилеп, во атар на с.Присад, прилепско, вчера вечерта се случила сообраќајна несреќа во која едно лице загина.

– „Фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.