дома Европа Тepopиcтички нaпaд вo Русија: Пoвpeдeни шecтминa пpипaдници нa ФСБ

Тepopиcтички нaпaд вo Русија: Пoвpeдeни шecтминa пpипaдници нa ФСБ

Шестмина припадници на руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) добиле полесни повреди при апсење злосторници во Карачаево-Черкесија.

Според првичните информации, терорист самоубиец активирал експлозив обидувајќи се да навлезе на територијата на оперативни активности во селото Учкекен во Карачаево-Черкесија. Притоа шестмина припадници на ФСБ биле повредени.

Во нападот нема цивилни жртви, пренесува „Спутник“.

Националниот антитерористички комитет објави дека им се укажува медицинска помош на повредените. Истовремено, се утврдува идентитетот на самоубиецот.