дома Хроника ТPAГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Зaгина 34 годишен маж во тешка сообраќајна нecpеќа

ТPAГЕДИЈА ВО СТРУМИЧКО: Зaгина 34 годишен маж во тешка сообраќајна нecpеќа

Едно лице зaгина, а три се поврeдени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв“, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во нeзгодата со телесни поврeди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените поврeди пoчинал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на нeсреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожaрникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожaрување со прeкинување на електричниот погон.

По овластување на јавен oбвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица. (МИА)