дома Спорт ТPAГEДИЈA НА РЕЛИТО ДАКАР: Португалскиот возач на мотоцикли Пауло Гонсалвес пoчинa во...

ТPAГEДИЈA НА РЕЛИТО ДАКАР: Португалскиот возач на мотоцикли Пауло Гонсалвес пoчинa во текот на седмата етапа

Португалскиот возач на мотоцикли Пауло Гонсалвес пoчинa во текот на седмата етапа на релито „Дакар“. Ова го соопштија организаторите. Тој пaднaл од мотор на 276 км од седмата етапа на патеката.

Медицински хеликоптер пристигнал на местото на тpaгeдијaтa, лекарите го реанимализирале на местото на настанот, по што бил пренесен во болница каде е констатирана неговата cмpт.

Четириесет-годишниот Гонсалвес по 13-ти пат учествуваше на релито „Дакар“. Неговото највисоко достигнување беше второто место во генералниот пласман кај мотоциклистите во 2015 година.

По шестата фаза на сегашниот „Дакар“, Португалецот беше на 46-тото место во пласманот.