Тpajковски: Ако денешната бројка биде над 250 новодиjaгнocтицирани, тоа би бил лoш знaк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште пред 2-3 дена првите абери за забавување на намалувањето на дневните броеви започна да ни ги упатува репродукцискиот број Rt. Иако истиот сé уште е под единица, индицирајќи намалување (на дијаграмот на првата слика), се работи за усреднети вредости, односно седумдневна подвижна средина, пишува во својата ковид анализа, проф. Дејан Трајковски.

Последниве три дена имаме надединечни дневни вредности за Rt, но можно е тоа да е резултат на аномалијата со намалениот број на тестирања за празникот 8. Септември. Поради инерцијата броевите не можат веднаш да започнат да растат, за тоа би им требало барем десетина дена, но минатата година во приближно истиот период имавме речиси идентична слика. Како ништо да не се променило, односно ефектот на прележаноста и вакцинираноста како да е целосно анулиран од високата преносливост на Делта сојот и отворањето на училиштата за настава со физичко присуство. Да биде неволјата поголема, слушаме дека во сите градови не се испраќаат во изолација цели класови, туку се тактизира со некакви парцијални изолации, како компромисни решенија. Ќе видиме до кога тоа ќе дава резултати и дали воопшто дава. Како што се приближува есента така и ризиците ќе се зголемуваат, а дневните броеви тоа непогрешливо ќе го покажуваат.

Дури и да претпоставиме дека намаленото празнично тестирање ги пореметило индикаторите на трендот, вториот ран (водечки) индикатор, стапката на позитивни тестови (сината и црвената линја на дијаграмот на втората слика) го кажува истото. Подвижната средина на стапката на позитивни тестови изгледа како да го достигнала минимумот и како да се спрема за ново нагорно движење.

Како што рековме, ова се првите абери, за посигурна „дијагноза“ ќе треба да почекаме уште најмалку 4-5 дена. За почеток, ако утрешната, понеделничка бројка биде над 250 новодијагностицирани, тоа би бил лош знак. Дури и денешните 464 нови случаи се многу како за недела.

Во секој случај, достигната е прогнозираната вредност од 500 случаи за 11 септември, но прогнозата за 250-300 до 25 септември најверојатно ќе мора да ја корегираме нагоре во наредните денови. Изгледа дека почетокот на училишната година ги испорачува првите резултати, аналзира Трајковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This