дома Актуелно ТPAJAHOB МУ OTKАЖА ЉУБОВ НА 3AEB: Се pacпаѓа кoaлицијата – Aнeкc на...

ТPAJAHOB МУ OTKАЖА ЉУБОВ НА 3AEB: Се pacпаѓа кoaлицијата – Aнeкc на Договорот со Бугарија нeма да помине во Собрание

„Мал е просторот нашата држава да направи некои отстапки. Не може да се води расправа за македонскиот народ, нација, за јазикот. Немаме заедничка историја. Тоа е катастрофална грешка. Ништо немаме против Бугарите.

Литературниот јазик е донесен кога е формирана државата. Главниот проблем и во Бугарија и во Грција е македонското малцинство. За Договорот во Преспа требаше политичка храброст за да се донесе, но овие барања од Бугарија се апсурдни.

Прашањата на малцинставата ќе се решаваат преку конвенции. Ако Бугарија се сложи да се донесе декларација, дури и да се минува границата само со лични карти, би поддржал, но ако се донесе решение кое понатаму би го злоупотребувале, ако се нагризува македонскиот идентитет, тоа нема да помине во Парламентот. Истите коментари ги слушам од голем дел од патениците“ вели Павле Трајанов во изјава за ТВ 24.

Во интервју за „Инфомакс“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека неколку помали коалициони партнери на Заев размислуваат да ја напуштат коалицијата на Заев, а ваквите изјави на Трајанов се само уште аргумент кој оди во корист на тврдењата на Николоски.

-Заев нема црвени линии и решение е неговата оставка и неговото заминување. Во следните денови ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе за доверба на владата. И јас сум убеден во успех, бидејќи има политички партии кои мислам дека тоа ќе го поддржат. Постојат помали политички партии кои што се во рамките на коалицијата на СДСМ, а размислуваат да ја напуштата коалицијата, затоа што не можат да го поднесат националното предавство што го прави Зоран Заев, соопшти вечерва за “Инфомакс” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.