Тyтyнoпpoизвoдитeли oд Велешко втop дeн гo блoкиpaа пaтoт нa влeзoт нa Велес кaj Башино Ceлo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние не сме против Владата и надлежното МЗШВ туку бараме од нив да не заштита нас тутунопроизводителите.

Тутунопроизводителите од повеќе села од поширокиот велешки регион втор ден го бликираа патот на влезот во Велес кај Башино Село со што го искажаа револтот кон откупувачите на тутун, поради тоа што класите на тутун годинава им ги вреднуваат пониско и со тоа и со помала цена им го плаќаат произведениот тутун.

Реагираат дека фирмите откупувачи им се откупува само поквалитетниот тутун, а понеквалитетниот им се враќаат назад.Тие се револтирани што годинава просечната откупна цена е 120 до 130 денари, а се откупува и по 100 денари за килограм за разлика од минатите години кога цената била од 180 до 200 денари за килограм.

– Ние не сме против Владата и надлежното МЗШВ туку бараме од нив да не заштита нас тутунопроизводителите и да ги натераат откупувачите правилно да го вреднуваат нашиот макотрпен труд. Вака едвај можеме да ги покриеме трошоците, изјави Љокман Идризов, тутунопризводите од село Отиштино во Општина Чашка во името на незадоволните тутунопризводители.

Тој вели дека очекуваат подршка од Владата и од МЗШВ, во спротивно ќе продолжат со мирните протести се до исполнување на нивните барања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This