дома Хроника Уапсена 31-годишна кавадарчанка со дрога, двајца повикани на информативен разговор

Уапсена 31-годишна кавадарчанка со дрога, двајца повикани на информативен разговор

Две лица од Кавадарци биле повикани на информатовен разговор, а нивна 31-годишна сограѓанка била задржана во притвор поради тоа што кај неа имала неколку пакувања со дрога.

На 08.12.2021 околу 17.30 часот на ул.„Слога“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ја лишиле од слобода С.Б.(31), а на службен разговор во полициска станица биле повикани Ѓ.Т.(30) и С.К.(29), сите од Кавадарци. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Ѓ.Т., а сопатници биле С.К. и С.Б., кај С.Б. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја – информираат од МВР.

Oттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.