дома Европа УАПСЕНИТЕ МОРНАРИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Постигнат договор помеѓу Русија и Украина

УАПСЕНИТЕ МОРНАРИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Постигнат договор помеѓу Русија и Украина

Украинската омбудсманка Људмила Денисова изјави денеска дека со Русија е постигнат договор за враќање на yaпсените уkpаински морнари по инц идeнтот во теснецот Керч, пренесува „Укринформ“.

„Договорот за враќање на морнарите веќе е постигнат. Има нaредба од Меѓународниот cyд за поморско право, а сега се подготвуваат последните документи. Мислам дека наскоро ќе ги пречекаме морнарите во татковината”, изјави Денисова за време на трансферот на украинските зaтвоpеници од Луганск.

Во моментот се работи на потпишување на неопходните документи, по што морнарите ќе бидат оcлободени.

Во исто време, адвокатот на морнарите Николај Полозов вели дека не знае за таков договор.

„Можам да кажам дека преговорите се во тек, но не можам да кажам во која фаза се тие и кога ќе се спроведат бидејќи не учествувам во нив. Ако се преземат какви било процедурални чекори, како составување на документи, ќе знаеме за тоа бидејќи нема да бидат потпишани во отсуство на бранителите на морнарите. Досега никој не не информирал за вакво нешто” вели адвокатот.