дома Хроника Уапсени двајца стружани – полицијата во нивниот автомобил заплени марихуана

Уапсени двајца стружани – полицијата во нивниот автомобил заплени марихуана

На 03.12.2021 полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Б.Т.(26) и М.Б.(26), двајцата од Струга, информираат од МВР.

При преглед во патничко возило „киа сид“, со струшки регистарски ознаки, во кое двајцата се превезувале, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.