дома Балкан УАПСЕНИ ОСУММИНА ПО ПОТЕРНИЦА НА ЦРНА ГОРА: Осуммина осомничени за тероризам по...

УАПСЕНИ ОСУММИНА ПО ПОТЕРНИЦА НА ЦРНА ГОРА: Осуммина осомничени за тероризам по потерница на Црна Гора уапсени!

Српски државјани осомничени за тероризам во Црна Гора, Немања Ристиќ (43) и Предраг Богичевиќ (47) се уапсени по потерница на црногорската полиција, пренесуваат од Црногорското МВР

Црногорското обвинителство дало налог за распишување на потерница на почетокот на декември 2016 година за двајца државјани на Русија и двајца Срби – Ристиќ и Богичевиќ кои се сомничат дека организирале криминална група која за изборниот ден планирала упад во Парламентот, апсење и ликвидација на тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ.

Црна Гора води постапка против група на 18 државјани на Србија и двајца државјани на Русија, а поголемиот дел од нив се во притвор во Подгорица. Кога Србија ќе добие неопходна документација во склад со билатералните договори за екстрација со Црна Гора, тогаш ќе се продолжи со постапката по барањето на земјата, изјавила српската министерка за правда Кубуровиќ.